Владимир Милиќ, познат уште како Вутар, е апсолвент на Факултетот за ликовни уметности на смер графика, а работи како дизајнер, илустратор и муралист.

Денес одиме со една приказна за хардкор графитчија кој црта од љубов кон спортот. Еве што муабет направивме со Вутар.

vladimir milich

Вутар

Владимир Милиќ

Кажи ни нешто за себе. Од каде доаѓа името Вутар?

Роден сум 95та во Скопје. Mоите први обиди на ѕид беа на крајот од 2006, почетокот на 2007 година. Тагот Вутар го добив како шега од близок другар во Србија некаде дур бев во средно, a пред тоа имав некои други потписи кои генерално не ми значеле ништо. Што е до значењето, тие што знаат, знаат.

Што/кој ти е инспирација за цртање графити?

Генерална инспирација ми е едноставно љубовта за спортов, отсекогаш сум бил заинтересиран, интригиран и мотивиран од самото тоа да го правам ова. 

Уживам во мирисот на спреј и сакам да се потпишувам на сè и секаде.

Сакам кога возам точак или кога патувам со автобус низ градов да ги гледам своите “парчиња”, како и парчињата на луѓето кои ми се блиски, споделувањето фотки и мислења и нормално самиот момент на доаѓање до ѕидот и предизвикот да се успее да се заврши е повеќе од заразен.

Кога и каде го направи својот прв графит?

Колку што се сеќавам, тоа беа нечии гаражи кај мене во маало, ги имав направено моите иницијали и една ѕвезда на крајот.

Дали некогаш си бил “фатен”?

Сум имал повеќе пати проблем, но само еднаш сум бил фатен и приведен, ако на тоа мислиш.

Пред скоро го нацрта муралот за солидарноста во Ченто. Кажи ни нешто за процесот и приказната позади ова.

Муралот во населба Ченто е сработен како дел од АКТО фестивалот, 15то издание, на тема солидарност, што беше доста погодно за самата населба земајќи ги во обзир несреќите кои земаа место во Ченто и Стајковци како и остатoкот од општината за време на поплавите пар години наназад.

Муралот е репрезентација на солидарноста и сложноста на луѓето во време кога е најбитно да се биде таму, исто така е и потсетник на тоа дека секогаш треба да помогнеме кога можеме на оние на кои им е потребно.

мурал за солидарност Ченто Вутар

Ми требаа 6 дена да го завршам и ми беше личен предизвик поради димензиите а и самата композиција. Големо задовоство ми беше да го сработам со оглед на тоа дека и јас сум од Ченто и ја разбирам важноста на овие проекти за културниот развиток на друштвото а и буквално секој ден поминувајки од таму го гледав ѕидот и само чекав прилика за вакво нешто.

Која е пораката што сакаш да ја пренесеш со твоите дела?

Не сè што правам е направено со цел да пренесе некоја порака, еден дел од од работите се едноставно за мој мерак, односно од естетска природа, а кога веќе доаѓа до ширење порака верувам дека пораката зависи од околностите во кои се наоѓам, што е и нормално бидејќи мојата кариера како творец и мојот живот како графити цртач се два различни света. Eдинствената поврзаност е можеби некогаш медиумот во кој работам, сè останато е различно.

[БОНУС ПРАШАЊЕ] Кој ти е омилен графит во Скопје?

Убедливо најомилен графит во градов ми е марихуана-фацата која веќе стои позади денешен Центар бар, поранешен Мек доналдс, веќе можеби и повеќе од дваесет години. Тоа што го прави посебен за мене овој графит, покрај тоа колку е стар, е тоа како е изведен и тоа со какви материјали, тоа време немало брендови на боја со висок квалитет како денес, ниту спрееви со висок/низок притосок. Уште поинтересно ми го прави тоа што до ден денес не знам кој го има нацртно.

Нешто повеќе за Вутар и неговото портфолио можеш да најдеш на artstation.com/baldomilic и на неговиот Инстаграм профил 🙂 Тенкс Вутар што одвои време да одговориш на нашите прашања. И тенкс до тебе што остана до крај. 😉

Нарачај си кул бандана од Dreadpen и stay safe, yo!

Vladimir Milich, also known as Vutar, is a graduate from the Faculty of Fine Arts. He works as a designer, an illustrator and a muralist.

Today we’re going to tell you the story of a hardcore graffiti artist that paints simply out of love. Here’s our interview with Vladimir Milich a.k.a. Vutar. 

vladimir milich

Vutar

Vladimir Milich

Tell us a bit about yourself. where does the name vutar come from?

I was born in ’95 in Skopje. My first attempts at graffiti were at the end of 2006, beginning of 2007. I got the tag Vutar as a joke from one of my close friends from Serbia, around the time when I was in high school. I had other tags before that but they didn’t really mean anything to me. As for the meaning behind Vutar, those who know – know.

What or who is your inspiration?

My general inspiration is simply the love for this sport. I’ve always been interested, intrigued and motivated from doing what I do.

I love the smell of spray and want to tag everything and everywhere.

When I ride my bike or travel by bus, I like to see my ‘pieces’ all around the city. I also like to see the pieces that people that are close to me have made. I like it when people share photos and opinions. The moment of approaching the wall and the challenge of finishing the graffiti is more than satisfactory.

When and where did you make your first graffiti?

As far as I remember, my first graffiti was my initials and a star at the end, painted on someone’s garage in my neighborhood.

Have you ever been ‘caught’?

I’ve had problems multiple times, but I’ve only ever been brought to the station once if that’s what you mean.

You painted the mural for solidarity in chento not too long ago. tell us a bit about the process and the story behind this work.

The mural in Chento was made as part of the 15th edition of the AKTO Festival. The theme was solidarity, which fit perfectly with the municipality, given the disasters that took place in Chento and Stajkovci, as well as the rest of municipality during the flood a couple of years back.

The mural represents the solidarity and unity of people in times when it’s most important. It’s also a reminder that we should always help those in need.

мурал за солидарност Ченто Вутар

The mural was finished in 6 days and was a personal challenge because of the dimensions and the composition itself. It was a great pleasure to work on it given the fact that I myself am from Chento. I also understand the importance of these projects for the cultural evolution of society. I was passing by that wall every single day and was just waiting for an opportunity of this kind.

What’s the message you want to convey with your work?

Not all that I do, I do with the goal of transmitting some sort of message. Some of my work is just for my own pleasure, i.e. from an aesthetically pleasing nature. When it comes to spreading a message I believe that message depends on my surrounding. And this is a normal thing because my career as a creator and my life as a graffiti artist are two different worlds. The only connection can sometimes be the medium in which I work, everything else is different.

[Bonus question] what’s your favorite graffiti in skopje?

By far, my favorite graffiti is the marijuana-head located behind Centar bar (ex McDonald’s). It’s been there for more than 20 years. What makes it special for me, besides how old it is, is the way it’s made and the materials used to make it. There were no brands of spray with high quality in that time, there were no sprays with high or low pressure like we have today. And what’s most interesting about it, I still don’t know who the artist is.

If you want to know more about Vutar and his portfolio check out artstation.com/baldomilic and make sure to follow him on Instagram 🙂 Thanks Vutar for taking the time to answer our questions. And thank you for sticking to the end. 😉

Order yourself a cool bandana from Dreadpen and stay safe, yo!

Check out our the bestselling s#!t

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

open

Yo! All orders from 27.12.20 – 03.01.21 will be shipped on Wednesday (06.01.21) . Thanks for understanding.