Ивана Атанасовска само што матурираше од средното уметничко училиште “Лазар Личеноски” во Скопје. Таа е дигитален илустратор, а инспирација за нејзините дела се девојки со истакнати пори.

Ивана е уште една личност која се приклучува во нашата серија интервјуа со локални урбани ликови. Еве за што зборувавме.

ivana atanasovska self portrait

Ивана Атанасовска

@i.aatanasovska

Кажи ни нешто за себе. Која е Ивана и со што се занимава?

Ги прашав моите пријатели и тие ме опишаа како талентирана, упорна, анимирана, парадоксална, делумно егоист… Чудно е што не ме опишаа како досадна, со оглед дека нашите муабети одат вака:
Што правиш? – Цртам.
А после? – Ќе цртам ама за друг клиент.

Дали имаш стручно образование за илустрација?

Само што завршив средно уметничко, сега ќе продолжам на IBU да студирам графички дизајн.

Што те инспирира да илустрираш?

Текстура и светлина, особено обожавам да цртам девојки со истакнати пори со оглед дека сите денес се обидуваме да скриеме било каква “несовршеност”.

Какви техники и ресурси користиш?

Главно работам дигитално и со молив. Дигитално цртам на Photoshop и користам Wacom Cintiq. После триста експрементации, конечно најдов (и направив) четки кои одговараат на мојот стил.

Колку време ти требаше да ја креираш илустрацијата со koi fish?

Околу 3 – 4 саати.

https://www.instagram.com/p/CEZMp_1nr8K/

Од неодамна имаш и Patreon каде го сподели целиот процес на креирање на koi fish илустрацијата. Како изгледа тоа?

Сè уште го едитирам видеото, така што не е споделено. Целиот процес го објаснувам и мислам дека е многу лесно за следење (можеби зошто јас си го нацртав).

Која илустрација во твоето портфолио ти е омилена и зошто?

Најомилено нешто што имам нацртано ми е окто-слонот, главно бидејќи успеав сама да се импресионирам со него. Не работам често со молив па охрабрувачки беше да видам што можам да направам со малку вежбање. Знам дека повеќeто ги преферираат моите дигитални дела, но не сум нешто посебно поврзана со нив.

https://www.instagram.com/p/CAAJi5Nn8Ox/

Нешто повеќе за Ивана и нејзините дела можеш да најдеш на нејзиниот Инстаграм профил 🙂 Тенкс Ивана што одвои време да одговориш на нашите прашања. И тенкс до тебе што остана до крај. 😉

Нарачај си кул бандана од Dreadpen и stay safe, yo!

Ivana Atanasovska just graduated from the High School of Arts “Lazar Lichenoski” in Skopje. She is a digital illustrator whose inspiration are girls with emphasized pores. 

Ivana is another person joining our series of interviews with local urban people. Here is what we talked about. 

ivana atanasovska self portrait

Ivana Atanasovska

@i.aatanasovska

Tell us a bit about yourself. Who is ivana and what does she do?

I asked my friends and they described me as talented, hardworking, animated, paradoxical, part egoist… I find it strange they did not say boring given the fact that all of our conversations go like this:
What are you doing? – Drawing.
And later? – Drawing for a different client. 

Do you have technical education in illustration?

I just finished high school and will continue studying graphic design at IBU.

What inspires you to illustrate?

Texture and light, I particularly enjoy drawing girls with emphasized pores because we all trying to hide our “imperfections” nowadays. 

What kind of techniques and resources do you use?

I mainly create digital art and paper and pen. I create my digital art in Photoshop and I use Wacom Cintiq. After hundreds of experiments, I finally found (and made) brushes that match my style.

How long did it take you to create the koi fish illustration?

About 3 to 4 hours.

https://www.instagram.com/p/CEZMp_1nr8K/

You recently created a patreon account where you shared the whole process of creating the koi fish illustration. How does that look?

I am still editing the video so it is not yet shared. I explain the whole process which I think makes it very easy to follow along (maybe cause I am the one who made it).

Which one of your illustrations is your favorite and why?

My favorite one is the octo-elephant, mainly because I managed to impress myself with it. I do not use pen and paper that often so it was encouraging to see how much i can do with just a little practice. I know that most people prefer my digital art but I do not feel so connected to them.

https://www.instagram.com/p/CAAJi5Nn8Ox/

Learn more about Ivana and her work on her Instagram profile 🙂 Thanks Ivana for taking the time to answer our questions. And thank you for staying til the end. 😉

Order yourself a cool Dreadpen bandana and stay safe, yo!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Yo! Due to Covid-19 and increase orders, the delivery may be delayed. Thanks for understanding.