Долорес Поповиќ е актер по професија со неверојатен талент и успешни улоги зад себе. Покрај глумата, Долорес свири на укулеле и има прекрасен вокал.

Долорес е супер кул и инспиративна личност со која имавме прилика да позборуваме. Допревме доста теми кои верувам дека ќе ги најдеш интересни.

interview dolores popovich 2

Долорес Поповиќ

@doli_lo_res

Што те привлече да започнеш кариера како актер?

Како дете ревносно читав книги, и имав неверојатна потреба да го оживеам секој лик, па од таму се роди и желбата да дадам живот на сите приказни, да живеам многу животи, професии, авантури.

Земајќи ја предвид пандемијата, дали работиш на некој проект моментално? (во поглед на глумата)

Моментално за жал уметноста е во многу штура состојба па приморана сум да кажам дека моментално освен мојата 9 to 5 работа и свиркањето по дома, ама баш ништо не ми се случува.

Фото
Ања Калин

Дали некогаш помислуваш дека си можела подобро да одглумиш некоја улога?

Апсолутно секогаш. И тоа за секоја улога! Ако се работи за театар, ќе се присетам на некој лик после две-три години, и се прекорувам себеси за се што можело да биде поинаку, а кога станува збор за филм, доволно е да поминат два три месеци, па кога ќе го погледнам со нови очи пропаѓам од срам.

Кои се потешкотиите со кои младите луѓе се соочуваат во светот на глумата?

На прво место, невработеност. Повеќето од нас талкаме по државава барајќи тезги со кои ќе ја платиме киријата месецов. Повеќето сме дипломирани со години а не постојат доволно институции кои би не згрижиле. Се најмуваат истите, веќе прочуени актери, за истите, веќе однапред распределени улоги.

Која твоја улога ти е омилена?

Убедливо најтешко прашање.

Секоја улога е посебна на свој начин, дури и оние ситните со по пар реченици.

Ама ете ако баш морам да изберам, моја омилена улога би била моето прво сценско остварување, Алиса Аерс од драмата Поблиску, подобро познато како улогата на Натали Портман во филмот Closer. Ме научи да ја пронајдам женственоста во себе, и нудеше сестрана актерска игра од која црпам инспирација до ден денес.

Кој филм ти е омилен?

Filth, со James McAvoy, во режија на Jon S. Baird. Нема човек на кој го немам препорачано, па така ќе ја искористам и оваа шанса.

По професија си актер но исто така се занимаваш и со музика. Што или кој те инспирираше да почнеш да пееш?

Пеам долго пред да посакам да сум актер. Меѓутоа за разлика од актерството кое го сметам за повик уште од рана возраст, дури во последниве две години ја освестив љубовта кон музиката како нешто повеќе од пеење под туш.

Морам да признаам дека најголем мотив да ја споделам мојата музика со публика отсекогаш била мајка ми која од дете ме бодри да ги покажам сите свои таленти.

Како би ја опишала музиката што ја создаваш?

Музиката што оди во позадина додека сонливо се нишаш на бротче.

Укулелето е многу интересен инструмент. како научи да го свириш?

Во недостаток на поетски и уникатен одговор, ќе си признаам дека го совладав со помош на интернет.

Би им го препорачала укулелето на буквално сите.

Инструментот е презабавен и прелесен за свирење, и доколку било кој е заинтересиран да почне да компонира своја музика, нека зајми едно укулеле од некој пријател и во рок од два месеци, со десетина акорди од интернет, гарантирам дека ќе се роди албум.

Дали пееш додека се тушираш?

Уште од дете, и тоа секогаш истите три песни. Mama you’ve been on my mind од Jeff Buckley, Political Scientist од Ryan Adams и My buddy од Doris Day.

Која е разликата помеѓу работа во индустријата како родово неутрална личност наспроти други полови?

Со оглед на општествениот конструкт во нашата држава и мојот женствен изглед од кој не можам, а и поголем дел од времето, не сакам да избегам, веќе се навикнав на фактот дека засекогаш ќе бидам заробена во женски улоги.

Особено што сме заглавени на место кое верувам дека не би ми ја испочитувала родовата експресија доволно за да ми дозволи тоа да го покажам и преку улоги.

Верувам дека да сме на место кое ја почитува ЛГБТИ заедницата, а особено трансродовите лица, ова би било многу поопширна и позитивна тема на разговор.

Какви лични искуства имаш со феминизмот? што те натера да станеш феминист?

Да станам феминист ме натера фактот што сум родена со вагина.

Без разлика дали се идентификувам како жена или не, сум била во позиција на жртва на мизогинија како и секоја жена. Под лични искуства ја подразбирам секојдневната борба на жената во едно патријархално општество. Вон тоа, ќе ме најдете на социјалните мрежи како еден од особено гласните поборци за правата на жената.

Ако постои еден ресурс за феминизмот кој би сакала секој да може да го види или прочита, кој би бил тој?

Има три нивоа со кои ние во ова општество како феминистки и феминисти треба да се запознаеме. Едно е феминистичката традиција како целина од Прудон навака, потоа второто – тоа на феминизмот од пост-комунистичките општества и третото, тоа на современиот феминизам во глобалистичкото општество. Сево ова е извор за формулирање на актуелни вредности по кои треба да се управуваме.

Нешто повеќе за Долорес можеш да дознаеш на нејзиниот Инстаграм профил а песните можеш да ги слушнеш на Јутуб каналот 🙂 Тенкс Долорес што одвои време да одговориш на нашите прашања. И тенкс до тебе што остана до крај. 😉

Нарачај си кул бандана од Dreadpen и stay safe, yo!

Dolores Popovich is an actress by profession with incredible talent and successful roles behind her. Apart from acting, Dolores plays the ukulele and has an amazing voice.

Dolores is a super cool and very inspiring person. We had the chance to speak on several topics which I am sure you will find interesting. 

interview dolores popovich 2

Dolores Popovich

@doli_lo_res

What made you start a career as an actress?

As a child, I read books diligently and I had an incredible need to revive every character, so from there the desire to give life to all stories was born, to live many lives, professions, adventures.

Taking into accounting the pandemic, are you working on any projects at the moment? (in terms of acting)

Unfortunately, at the moment art is in a very poor state, so I am forced to say that, apart from my 9 to 5 job and playing and singing at home, nothing is happening in my life.

Photo
Anja Kalin

Do you ever think that you could have done a bit better in any particular role? 

Always. And for every role! If it is theater, I will think of a character after two or three years, and I blame myself for everything that could have been different, and when it comes to films, two or three months are enough for me to look at my role with new eyes and that makes me curl up in shame.

What are the difficulties young people face in the world of acting?

First and foremost, unemployment. Most of us wander around the country looking for jobs to help pay the rent for the month. Most of us have graduated years ago but there are not enough institutions so that we all have jobs. The same, already famous actors are hired, for the same, already pre-assigned roles.

What is your favorite role?

Undoubtedly the most difficult question.

Every role is special in its own way, even the small ones with just a couple of lines in them.

But if I had to choose, my favorite role would be my first stage achievement, Alice Ayres from the drama Closer, better known as the role of Natalie Portman in Closer. It taught me to find femininity in myself, and offered a versatile acting game that inspires me to this day.

WHAT is your favorite MOVIE?

Filth with James McAvoy, directed by Jon S. Baird. There is not a person I have not recommended it to, so I will use this opportunity.

by profession, you are an actress but you also do music. what or who inspired you to start singing?

I have been singing long before I wanted to be an actress. However, unlike acting, which I consider a calling from an early age, I have only realized my love for music as something more than singing in the shower in the last two years.

I have to admit that the biggest motivation to share my music with an audience has always been my mom who has encouraged me since childhood to show all my talents.

How would you describe the music you create?

Music that plays in the background while you are daydreaming on a boat.

The ukulele is a very interesting instrument. how did you learn to play it?

In lack of a poetic and unique response, I will admit that I mastered it online.

I would recommend the ukulele to literally everyone.

The instrument is too fun and too easy to play, and if anyone is interested in starting to compose their own music, borrow a ukulele from a friend and within two months, with a dozen chords from the internet, I guarantee an album will be born.

Do you sing in the shower?

Ever since I was a child and always the same three songs. Mama you’ve been on my mind by Jeff Buckley, Political Scientist by Ryan Adams and My buddy by Doris Day.

What is the difference between working in the industry as a non-binary person as opposed to other genders?

Given the social construct in our country and my feminine appearance from which I can not, and most of the time I do not want to escape, I am already accustomed to the fact that I will forever be trapped in female roles.

Especially since we are stuck in a place that I believe would not respect my gender expression enough to allow me to show it through roles.

I believe that to be in a place that respects the LGBTQI+ community, and especially transgender people, this would be a much broader and more positive topic of conversation.

What personal experience do you have with feminism? what made you become a feminist?

The fact that I was born with a vagina made me a feminist.

Whether I identify as a woman or not, I have been a victim of misogyny like any other woman. By personal experience I mean the daily struggle of women in a patriarchal society. In addition, you will find me on social media as one of the most vocal advocates for women’s rights.

If there is one feminist recource that you wish everyone could read or view, what would it be?

There are three levels we need to become familiar with as feminists in this society. One is the feminist tradition as a whole from Proudhon onwards, then the second – that of feminism from post-communist societies and the third – that of modern feminism in a globalist society. All of this is a source for formulating current values that we need to manage.

Learn more about Dolores and her work on her Instagram profile and you can also listen to her songs on her YouTube channel. 🙂 Thanks Dolores for taking the time to answer our questions. And thank you for staying until the end. 😉

Order yourself a cool Dreadpen bandana and stay safe, yo!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Yo! Due to Covid-19 and increase orders, the delivery may be delayed. Thanks for understanding.