Kostadinovska Aleksandra easily loses concentration when working on things that don’t bring her joy. But that’s not the case when it comes to photography.

We’re doing these interviews more often than we’ve ever done and that brings me immense joy. Every person has its own story, and today we’re telling you the story of one very cool photographer from Skopje. 

dreadpen aleksandra kostadinovska interview

Костадиновска Александра

www.aaaesthete.com

Tell us a bit about yourself. who’s kostadinovska aleksandra and what does she do?

For as long as I can remember, I’ve been interested in creating stuff. I’ve tried taking up sports or learning to cook, but I easily lose concentration when I work on things that don’t bring me joy. As I kid, I was never confident in communicating with people but luckily I found my dad’s camera and that changed my perspective of the world. Suddenly, I could see it from a completely different angle. I used to carry my dad’s Kodak everywhere with me during my time in high school and took photographs of everything around me that I didn’t want to forget. That is how my love for ‘lifestyle’ photography came to be.

I never thought I’d become a professional photographer so I stuck to my plan and enrolled at the Faculty of Architecture. Things changed about 5 years ago when I published my first website and I got offered a job as a photograph for Reborn. Because of that job, I was ‘forced’ to meet new people and learn to communicate, something that had always been a weak side of mine. As the years went by, I worked on many different projects and found a new passion for model photography and events, but I’m always open to new experiences and collaborations.

YOU’VE WORKED WITH A LOT OF CLOTHING BRANDS. WHAT DO YOU DO TO ENSURE THAT THE MODEL YOU PHOTOGRAPH AND THE CLOTHES THEY’RE WEARING LOOK LIKE YOU WANT THEM TO?

It’s very important for the client to be on the set because the client knows best how the clothes should fit the model. What’s important to me is for the model to feel comfortable during the photoshoot. I always try to meet with the model before we start working together because that way we’ll both feel more relaxed which definitely affects the finished product. For the photographs, I’m happy to say that all my clients so far have had previous knowledge of my work and have allowed me to implement my own style in their concept.

WHAT ARE THE CHALLENGES YOU FACE WHEN DOING A PHOTO SHOOT OUTDOORS AND INDOORS?

The outdoor photoshoots are always harder to control, mainly because of the light and the climate. Regardless, I always prefer taking photographs outside because I have much bigger freedom in choosing the location. The natural light provides a special atmosphere in the photograph itself, which is harder to accomplish when shooting in a studio. I don’t have my own studio so the whole process of looking for a location and additional budget is a challenge of its own. Yes, I have much bigger control over the light and can work without being dependent on the weather conditions. But I avoid studio photography because it makes me very limited in terms of location and I would never manage to showcase the emotion, as I do outside.

There are a lot of portraits in your portfolio. what’s the most important thing to take into account when doing portrait photography?

From a technical standpoint, you definitely need to pay attention to the light and the composition. If you’re planning to do a portrait, the most important thing is to know the person so that you can represent them in their best light. You have to decide what kind of emotion you want to convey with the portrait. Then, you have to pay attention to the atmosphere, the clothes, make-up, and the background. Personally, I prefer candid portrait where the person is not aware they’re being photographed and I document the moment as it is. In this case, it’s crucial to have enough confidence to get close to the subject and snap a quick photo.

WHAT’S THE HARDEST PART TO BEING A PHOTOGRAPHER?

I wouldn’t say there’s a hard part. There are definitely challenges, like looking for locations in Skopje or finding a common language with some clients. But at the end of the day, the unpleasant experiences and projects are a lesson forward.

[BONUS QUESTION] WHAT PHOTO SHOOT WITH A CLOTHING BRAND WILL YOU ALWAYS REMEMBER?

I remember all my photoshoots because those are rare moments when I’m 100% present in the moment, physically and mentally. But the answer to this question will always be the photoshoot for dropIN, a project I worked together with Reborn. I had full freedom in managing the projects. From choosing the outfits, the location, models and the story behind the photoshoot, as well as the lovely team that helped and supported me while on the field.

I was happy because I was given an opportunity to approach fashion photography differently. The models I chose were my friends and experienced skaters so my job was to kind of document them while they’re skating and hanging out.

If you want to learn more about Aleksandra and her portfolio go to aaaesthete.com and her Instagram account 🙂 Thanks Aleksandra for taking the time to answer our questions. And thank you for sticking to the end. 😉

Order yourself a cool bandana from Dreadpen and stay safe, yo!

Костадиновска Александра лесно губи концентрација кога прави работи во кои не ужива. Но тоа не е случај кога станува збор за фотографијата. 

Ги зачестивме интервјуава и тоа многу ме радува. Секој човек има своја приказна, а денес ви ја раскажуваме приказната на еден супер кул фотограф од Скопје.

dreadpen aleksandra kostadinovska interview

Костадиновска Александра

www.aaaesthete.com

Кажи ни нешто за тебе. Која е Костадиновска Александра и со што се занимава?

Откако се сеќавам, секогаш сум била заинтересирана за креирање работи. Сум пробала да спортувам или да научам да готвам, но лесно губам концентрација ако правам работи во кои не уживам. Како дете не бев самоуверена да комуницирам со луѓе, но за среќа го најдов апаратот на татко ми и дозволив да ми го промени погледот на светот од сосема различен агол. Го носев Кодакот насекаде за време на средношколските денови и фотографирав сè околу мене што не сакав да го заборавам. Мислам дека така ми се разви љубовта за “lifestyle” фотографијата.

Никогаш не размислував професионално да се занимавам со фотографија па си го следев планот и се запишав на Архитектонски факултет. Работите се променија пред 5 години кога го објавив мојот прв вебсајт и ми беше понудена работа како фотограф во Reborn. Поради таа работа бев “принудена“ да запознавам нови луѓе и да научам да комуницирам, нешто што секогаш ми претставувало слабост. Со текот на годините искусив различни проекти и открив нова пасија за модна фотографија и настани, но секогаш сум спремна за нови искуства и колаборации. 

Имаш работено со доста брендови за облека. Што правиш за да се осигураш дека личноста што ја фотографираш и облеката што ја носи изгледаат онака како што ти сакаш?

Многу е битно клиентот да е присутен на сетот бидејќи клиентот знае најдобро како облеката треба да стои на моделот. Она што мене ми е важно е моделот да се чуствува удобно и пријатно за време на фотосесијата. Секогаш се трудам да се запознаам со моделот пред да почнеме со работа бидејќи и двајцата ќе се чувствуваме поопуштени за соработка, што дефинитивно влијае на финалниот продукт. Што се однесува до фотографиите, се радувам затоа што клиентите со кои сум соработувала досега биле запознаени со мојата работа и ми оставале простор да го вметнам мојот стил во нивниот концепт.

Кои се предизвиците со кои се соочуваш кога фотографираш модели на отворено и на затворено?

Фотосесиите на отворено се секогаш потешки за контролирање, главно од аспект на климатските услови и светлото. Но секогаш преферирам да фотографирам надвор бидејќи имам многу поголема слобода во изборот на локации и токму природното светло е она што додава посебна атмосфера во фотографијата, што потешко се постигнува во студио. Немам свое студио па самиот процес на барање соодветен простор и издвојување дополнителен буџет е предизвик сам по себе. Да, имам многу поголема контрола врз светлото и можам да работам без да зависам од временските услови, но избегнувам студиска фотографија бидејќи сум многу ограничена во локацијата и никогаш нема да успеам да ја прикажам емоцијата како што го правам тоа надвор.

Во твоето портфолио имаш доста портрети. Што е најбитно да се земе предвид при фотографирање портрети?

Од технички аспект дефинитвно треба да се обрне внимание на светлото и композицијата. Доколку го планираш портретот, сметам дека е битно да ја познаваш личноста за да можеш да ја претставиш во најдобро светло. Да решиш каква емоција сакаш да пренесеш со потретот, па оттаму да обрнеш внимание на атмосферата, облеката, шминката и позадината. Лично, многу повеќе ги сакам искрените потрети (candid portrait) каде личноста не е свесна дека е фотографирана и го документирам моментот каков што е. Во овој случај е клучно да си доволно самоуверен да се приближиш до субјектот и да фотографираш брзо.

Што кај тебе е најтешкиот дел од тоа да си фотограф?

Не би рекла дека има тежок дел. Дефинитвно има предизвици, како барање локации во Скопје, или наоѓање заеднички јазик со некои клиенти. Но на крајот на денот и непријатните искуства и проекти се лекции за понатаму.

[Бонус прашање] Која фотосесија со бренд за облека засекогаш ќе ти остане во сеќавање?

Многу добро се сеќавам на секоја фотосесија бидејќи тоа се ретки моменти кога сум целосно 100% присутна, физички и психички. Но одговорот на ова прашање е секогаш фотосесијата за dropIN, како еден од проектите кои ги работевме со Reborn. Имав целосна слобода во менаџирање на проектот, од избор на облеки, локација, модели и приказната позади фотосесијата, како и прекрасен тим за поддршка и помош на терен.

Бев среќна затоа што ми беше дадена можност да и пристапам поразлично на модната фотографија. Моделите кои ги избрав беа другари и искусни скејтери, па мојата работа на некој начин беше да ги документирам додека се возат и дружат.

Нешто повеќе за Александра и нејзиното портфолио можеш да најдеш на aaaesthete.com и на нејзиниот Инстаграм профил 🙂 Тенкс Александра што одвои време да одговориш на нашите прашања. И тенкс до тебе што остана до крај. 😉

Нарачај си кул бандана од Dreadpen и stay safe, yo!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

open

Yo! All orders from 27.12.20 – 03.01.21 will be shipped on Wednesday (06.01.21) . Thanks for understanding.