Тони Зен
@tonizentoni / @omnirepresent
Кој си, што си? Можеш да се вклопиш во една реченица?
Не знам кој сум, никогаш не знаев, нема ни да знам, знам дека сум здрав и жив, најверојатно
Нова песна.. Која е/каква е твојата релација, врска со Слаткар? Како знаеш дека некој е правиот човек за соработка?
Баш у моментов се спрема нов спот за нова песна со Слаткар, ова ќе биде онаква песна, како што се очекува од нас, битот е на Ики, другар и соработник со кој одамна не сме правеле нешто заедно како порано, исто и со Слаткар, но, дојде време кога се повторува историјата, отсекогаш сум се водел пп чувство кога станува збор за соработки, така и сега.
Можеш ли да зборуваш за твоите моментални “модни” инстинкти и моментален вкус? Што е она што те возбудива во модата, односно облеката и културата денес?
Не сум многу релевантен да зборувам за трендовите у модата, модата воопшт, автентичноста, излезот од рамките е она што ме возбудава, да речеме, има премногу варијанти у модата денес, не можам за едно нешто да се врзам и да следам, има толку многу избор, што понекогаш не знам кај сето тера, на крајот, избирам да се облакам по чувство.


Кажи ни повеќе за последната колекција на ОМНИ, зошто мислиш дека една колекција е успешна, и обратно, не е успешна?
Не знам кој одлучува успешна или не успешна колекција, пак ќе кажам, не сум релевантен за мода да зборувам, не знам што е успех, единствено успех е остварената цел, според мене, можеби. Омни кога би бил гигант еден ден, ќе има м вработени, фирма, ривјус, итн. па така ќе знам дали успешна е колекцијат или не, сега за сега, најверојатно сум успеал, затоа што визуелизацијата е материјализирана и се манифестира низ Omni Represent
Толку годнини подоцна, што те движи, што те одржува?
Животот, сам по себе, семејството, љубовта, жедта за изворот.
Кои се најголемите проблеми во светот денес за кои ти лично чувствуваш дека јавноста треба да посвети поголемо внимание?
Егото, технологијата, војната, илузијата во која живееме сите.
Доста време си во креативниот дел, создаваш музика, облека. Дали негувањето на креативниот процес сè уште ти е важно? …И дали парите се нешто за што размислуваш како крајна цел?
Важно ми е, така сум навикнат и поистоветен со создавање, креирање, сум пробал да се распоистоветам со тоа, но не успевам, сѐ уште, понекогаш изморува тоа, понекогаш празниот ум и спокојот ми се вредност, па ги негувам, не сакам едноставно ништо да создавам, ниту креирам, кога е во прашање музика, текст, итн. А парите, тие се само средство за да не однесат до повисоките цели, не можат да бидат крајна цел.
Што се спрема ново? Правиме соработка Дред x Omni :) ?
Па што да не, отворен сум за соработки, ако почувствувам дека треба На новата колекција сум моментално посветен и заглавен во некои детали, штом се разбистрат, ќе се реализира и тоа


Check out our the bestselling s#!t
Telekom x Dread Tee
On The Top
€30.00Original price was: €30.00.€8.33Current price is: €8.33.Peach Stipes
Veles Kosturnica Poster
Dreadpen Football Jersey (Thunder)
Telekom
MTN MEGA 600ml
Cyrillic Graffiti Alphabet