Керим Мушановиќ е познат, независен уметник кој живее и работи во Сарајево. Неговата кариера започна во 2012, кога освои прво место во натпревар за 3Д улична уметност во Сарајево.

Многу ми е мило што си помуабетивме со Керим, млад и мноооогу талентиран уметник од Босна и Херцеговина. Прочитај што тој вели за неговиот живот и неговата работа.

Керим Мушановиќ

@kerim.musanovic

Претстави ни се 🙂

Јас сум Керим Мушановиќ, академски сликар од Сарајево. Исто така правам мурали и 3Д улична уметност. 

Ти си сликар, 3д уличен уметник и муралист. ШТО ИЛИ КОЈ ТИ Е ГЛАВНА ИНСПИРАЦИЈА?

Мислам дека мојата главна инспирација се моите претходни дела. Секогаш пробувам да се подобрам.

КАКО ја постигнуваш таа интеракција помеѓу формата и содржината? дали прво размислуваш за пораката што сакаш да ја пренесеш, а потоа скицираш?

Зависи. Некогаш има тема по која мора да се држам и да раскажам приказна преку моето дело. Но, поголем дел од времето сликам нешто што ме прави среќен.

ШТО НАЈМНОГУ ТИ СЕ ДОПАЃА ВО ТОА ШТО ГО РАБОТИШ?

Фактот што го работам она што го сакам и сум екстремно благодарен за тоа. Повеќето луѓе немаат можност да го работат она што го сакаат и тоа е многу тажно.

КАКО ГИ ИЗБИРАШ ЛОКАЦИИТЕ ЗА ЦРТАЊЕ?

Поголем дел од времето цртам за фестивал и настани така што не ја бирам јас локацијата или ѕидот.

што Е НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ КАЈ 3Д УЛИЧНАТА УМЕТНОСТ?

Најтешко е што 3Д уличната уметност користи анаморфна перспектива. Ова значи дека делото треба да биде искривено во должина и ширина за од една гледна точка да изгледа 3Д. Ако нешто не е доволно искривено, на крајот нема да изгледа како што треба.

ДАЛИ НЕКОГАШ СИ БИЛ СВЕДОК НА УНИШТУВАЊЕ НА ТВОЕ ДЕЛО? КАКО ТОА НАПРАВИ ДА СЕ ЧУВСТВУВАШ?

Не директно но за жал е голем дел од уличната уметност. На почетокот бев тажен но повеќе не затоа што ништо во светов не трае засекогаш.

ДАЛИ МИСЛИШ ДЕКА УЛИЧНАТА УМЕТНОСТ УСПЕА ДА се пробие ВО СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ?

Да, мислам дека успеа. Уличната уметност стана многу популарна и уникатна. Достапна е за сите и си има свое место во светот.

ИНСТАГРАМОТ ТИ Е ИСПОЛНЕТ СО ПРЕКРАСНИ СЛИКИ, СЕКОЈА ОЗНАЧЕНА СО РАЗЛИЧЕН ДЕН ВО ГОРНИОТ ЛЕВ АГОЛ. ШТО Е ПРИКАЗНАТА ЗАД ОВА?

Ова беше уметнички предизвик долг 366 дена што го направив минатата година. Сакав да се натерам традиционално да сликам додека бев дома. Затоа го направив овој предизвик што значеше дека треба да направам една слика на ден за целата 2020 година. Беше одличен начин да бидам активен и да го поминувам времето правејќи го она што го сакам, за време на пандемија.

НА ИНСТАГРАМ И ЕТСИ ПОЧНА ДА ПРОДАВАШ слики, ПРИНТОВИ ОД МУРАЛИТЕ И СТИКЕРИ. како ти оди и дали планираш да го прошириш ова?

Да, ова е мојот најнов проект. Од мојата улична уметност направив принтови, стикери, маички и ташни. Сега за сега, имам еден мурал што го направив лани и планирам да направам повеќе дизајни од моите следни мурали. Супер ми оди и многу сум благодарен за поддршката. Ако некој сака принтови, стикери, маичка или ташна, може да си нарача на мојот Инстаграм профил

Дознај повеќе за Керим и неговите уметнички дела на Инстаграм профилот погоре 🙂 Ти благодариме Керим што одвои време да одговориш на нашите прашања. И ти благодариме тебе што остана со нас до крај!

Нарачај си од новата колекција “UTOPIA”, достапна на www.dreadpen.com 😉

Kerim Musanovic is a prominent independent artist living and working in Sarajevo. His career as a street artist began in 2012, when he won first prize in a 3D street art competition in Sarajevo. 

We had the pleasure to talk to Kerim, a young and very talented artist from Bosnia & Herzegovina. Read what he says about his life and his work.

Kerim Musanovic

@kerim.musanovic

Introduce yourself to us 🙂

My name is Kerim Musanovic, I’m a Bosnian-Herzegovinian academic painter from Sarajevo. I’m also a 3D street artist and muralist.

You are a painter, 3D street artist and muralist. What or who is your main influence?

I think my main influence is my previous work. I always try to improve myself and do better.

How do you achieve that interaction between form and content? Do you first think about the message you want to put across and then sketch the adequate representation for it?

It depends. Sometimes there is a theme I have to stick with, where I have to tell a story through my painting. But most of the time I just paint something that makes me happy, that feels right.

What do you love most about what you do?

That I do what I love for a living and I’m very grateful for that. Most people don’t have the chance for that which is really sad.

How do you CHOOSE the places you want to showcase your art?

Most of the time I do street art for festivals and street art events so I don’t choose the place, wall, etc.

What’s the most challenging aspect to 3D street art?

The most challenging aspect is that 3D street art uses an anamorphic perspective which means that your painting has to be distorted in length and width so that it looks 3D from one viewpoint. If something is not enough distorted it won’t look right in the end.

Have you ever witnessED the destruction of your creations? If so, how’d that make you feel?

Not directly but this is a big part of urban art. At the beginning I was a little bit sad, but not anymore, because nothing in this world is forever.

Do you think street art has succeeded in attaining a unique position in institutionalized contemporary art?

Yes, I think it has. Street art became very popular and unique and it has its own spot in the art world which is available to everyone.

Your Instagram is filled with beautiful paintings, each marked with a different day at the top left corner. What’s the story behind this?

This was 366 days of art challenge that I did last year. I wanted to push myself to paint more traditionally while I was at home. That’s why I did this challenge to do one painting a day for the whole year of 2020. And because of the pandemic, it was a great way to be active and to spend my time in the best way and I achieved that goal.

You started selling paintings, mural prints and sticker packs on your Instagram and Etsy shop. How’s that going and do you plan expanding on this?

Yes, this was my latest project. I made prints, stickers, t-shirts and tote bags from my street art. I always wanted to have some kind of merchandise from my art, so I decided to do it. For now, I started with this one mural that I did last year and I’m planning to expand it with my upcoming murals. It’s going well I’m happy for the support. If anybody want to get prints, stickers, t-shirts or tote bags, visit my Instagram where you can check it out and order one!

You can find out more about Kerim on his Instagram linked above 🙂 Thanks Kerim for taking the time to answer our questions. And thank you for staying until the end!

Get a piece from the new “UTOPIA” collection, available at www.dreadpen.com 😉

Check out our the bestselling s#!t

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *