Роден и израснат во Скопје, Иван Петрушевски, познат како Flim, експериментира со различни форми на дигитална и традиционална уметност. Негов главен интерес се дизајни на ликови и векторска графика.

Малку муабет на социјалните мрежи, по некое прашање ваму таму и склопивме супер интервју кое се надевам ќе ти се допадне.

Кажи ни нешто за твојата професија во 100 зборови.

Иако сум дипломиран Историчар на уметноста, работам како графички дизајнер од 2007 година. Графичкиот дизајн започна како хоби и интерес во дигиталната уметност уште во моите студентски денови. Тогаш запознав многу млади креативци кои денес се веќе истакнати професионалци во своите професии (дизајн, архитектура, фотографија, програмирање итн).

Моето искуство во графичкиот дизајн и илустрацијата се состои од години агенциска работа во 3 маркетинг агенции како и фриленс работа со домашни и странски клиенти. Професијата е многу променлива бидејќи константно еволуира заедно со напредокот на дигиталната технологија и постојаната промена на дизајн трендовите и токму поради тоа графичкиот дизајн како професија интересна секој ден.

June = Summer = Pineapples!
Како изгледа твојот работен ден? Кажи ни нешто повеќе околу процесот на креирање уметност.

Во моментов сум во Publicis каде работам веќе две години. Утрата започнуваат со кафе муабет со моите колеги, а потоа се посветувам на дневните обврски. Иако графичкиот дизајн не е традиционална туку применета уметност, можам да кажам дека е потребно да се има развиен сензибилитет и визуелна писменост за да се постигне оптимален успех.

Процесот е честопати различен и зависи од брифот. Има работа за клиенти кои дозволуваат повеќе слобода во дизајнот а има и други кај кои мора повеќе да се придржувам до одредени правила и рамки. Илустрацијата од друга страна бара комплетна опуштеност и лабава временска рамка.

Често пати знам дека ми се црта но не знам што сакам да нацртам па почнувам со десетина скици. Обично една од нив ми се допаѓа и ја развивам во целосна илустрација. Понекогаш инспирацијата се наоѓа во различни слоеви од поп-културата, без разлика дали е тоа музика, стрип, филм итн.

Дали имаш одредени дневни навики? Дали тие навики ти помагаат или одмагаат во поглед на креативноста?

Откако се случи Ковид-19 ситуацијата, купив неколку различни Нинтендо конзоли и сега со сигурност можам да кажам дека ми го кратат слободното време, но во ист момент игрите ме инспирираат.

Stay home and stay safe folks!

Со сигурност можам да кажам дека серијалот на играта Супер Марио има извршено огромно влијание на мојот визуелен речник уште како дете. Од специфичниот јапонски дизајн на карактерите до детално изработените надреални позадини.

Ако Скопје е името на некој лик што би го нацртал ти, како би изгледал?

Сакам да персонифицрам објекти па Скопје би бил веројатно една постара но весела бруталистичка зграда со мила фаца и шарени графити.

Што можеме да очекуваме од тебе во блиска иднина? Дали работиш на некои нови проекти?

Можам самокритично да кажам дека малку време одвојувам за лични проекти. За да се осигурам дека цртам барем еднаш месечно, работам на илустрацији поврзани со тековниот месец кои на крајот од годината ги сублимирам во календар кој им го подарувам на моите пријатели.

Идеите за поголеми проекти доаѓаат и се реализираат спонтано. Последниот поголем проект беше изложбата во ноември 2019 година па затоа си давам време да дојдам до свежа идеја и концепт за било кој следен проект во блиска иднина, без разлика на тоа дали ќе има ликовна или дизајнерска природа.

Слики од изложбата СТЕРЕО, 5ти ноември 2019, Галерија Акантус

Нешто повеќе за Flim и неговите дела можеш да најдеш на flim.mk а исто така топло препорачувам да го заследиш на Инстаграм 🙂 Тенкс Флим што одвои време да одговориш на нашите прашања. И тенкс до тебе што остана до крај. 😉

Нарачај си кул бандана од Dreadpen и stay safe, yo!

Born and raised in Skopje, Macedonia, Ivan Petrusevski a.k.a. Flim works in various forms of digital and traditional art. His main interest is character design and vector graphics.

A little chit-chat on social media, a few questions here and there, and we came up with a great interview that I hope you will like.

Tell us what you do in 100 words.

Even though I graduated from Art History, I’ve been working as a graphic designer since 2007. My interest in graphic design started out as a hobby and I’ve been into digital art ever since my student days. That’s when I met a lot of young creative minds that are renowned professionals in their respected professions (design, architecture, photography, programming, etc.).

I’ve gathered my experience in graphic design and illustration from years of working in 3 marketing agencies, as well as working as a freelancer with local and international clients. This profession is very susceptible to change because it’s evolving constantly due to the advancements in digital technology and the rapid change in design trends. That’s why graphic design as a profession is interesting every day of the week.

June = Summer = Pineapples!
What’s your work-day like? Tell us a bit about the process of creating art.

I’ve been working at Publicis for the last two years. The mornings start with a cup of coffee and talking to my colleagues. After that I dedicate the rest of my hours to what I have to do for the day. Even though graphic design is applied art rather than traditional, I can say that you have to have developed sensibility and visual literacy to achieve optimum success.

The process is often different and depends on the brief I get. We’ve got clients that allow more freedom whereas with others you have to follow certain rules and a strict time frame. Illustration, on the other hand, requires complete relaxation and a more loose time frame.

More than often I know that I wanna draw something but I don’t know what so I start out with ten sketches. Usually, I like one of them and proceed to work on it until it becomes a complete illustration. Sometimes inspiration lies in different layers of pop-culture, whether that’s music, comics, movies, etc.

Do you stick to certain daily habits? Would you say that habits help or hinder your creativity?

Ever since Covid-19 happened, I bought a few different Nintendo consoles and I can say with certainty that they take away a lot of my free time. But at the same time, games inspire me.

Stay home and stay safe folks!

Super Mario has had a massive influence on my visual dictionary ever since I was a kid. All the way from the specific Japanese design of the characters to the detailed surreal backgrounds.

If Skopje was the name of a character THAT YOU DREW, what would it look like?

I like to personify objects so Skopje would most probably be an old but cheerful building with brutalist architecture, with a kind face and colorful graffiti all over.

What can we expect from FLIM in the near future? Any new projects coming up?

I can self-critically say that I dedicate very little time for personal projects. To ensure that I’m drawing at least once a month, I work on illustrations that represent the current month. I then put these illustrations into a calendar that I gift to my friends.

The ideas for bigger projects come very spontaneously. The last big project was the exhibition in November of 2019. I try to give myself time to develop a fresh, new idea and concept for any other next project in the near future, whether that’s gonna be art or design.

Pictures from the exhibition STEREO, 5th of November 2019, Acanthus Gallery

Visit flim.mk to find out more about Flim and make sure to follow him on Instagram 🙂 Thanks to Flim for taking the time to answer our questions and thank you for sticking ’til the end. 😉

Also, get yourself a cool bandana from Dreadpen and stay safe, yo!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Yo! Due to Covid-19 and increase orders, the delivery may be delayed. Thanks for understanding.