spinning records, blending styles,
bending genres, drinking tons,
setting trends, having fun.

Ова е биото на Дарко Андонов, познат уште како Irie Scratch. Викендов си направивме супер муабет на Инста и склопивме супер интервју. Еве што ни одговори на прашањата. 👇

darko andonov irie scratch

Дарко Андонов

Познат уште како Irie Scratch

Како и кога започна твојата кариера како диџеј?

Почнав да пуштам музика пред 11 години, летото 2009та. И тоа баш овој период, негде крајот на јуни или почетокот на јули ја организирав мојата прва журка во кафичот Бони (до 7-ца) заедно со најдобрите другари и Мики Миксон.

Отсекогаш бев човекот што нон-стоп слуша музика и им реже цедиња на другарите, па транзицијата во пуштање музика дојде некако природно. Некако успеав да соберам пари и купив најосновен диџеј контролер (Behringer BCD 2000, кого го интересира нека провери колку е basic!). Само неколку дена подоцна ја организиравме журката која ги надмина сите очекувања, па кога се вративме од одмори направивме уште неколку. 

Почнаа да се отвораат различни можности и организиравме повеќе журки, но клучен момент за мојата кариера е тоа што после само неколку месеци самостојна работа, Цуци и Панчо ме земаа под нивна закрила како нов член на Sure Shotz. Веднаш ме ставија на правиот пат, ме натераа да вложам пари во грамофони, и тогаш и официјално ми стана full time професија.

Како се одрази карантинот на твојата работа?

Ух! Уште пред да почне карантинот осетив на своја кожа колку ќе биде сериозно бидејќи на само 2 дена пред оддржување, моравме да го откажеме настанот Трапславија 3 во МКЦ, настан кој го планиравме и најавувавме неколку месеци претходно. 

Откако се соочив со целата ситуација, решив целосно да го посветам времето на себе, и многу добро ми дојде. Одморив како никогаш досега, почнав редовно да вежбам и да се хранам колку-толку здраво дома. После некое време ми се врати и креативната енергија, па гледано ретроспективно, карантинов беше плоден и во поглед на работа. 

Си ја средив целата музика на лаптоп, снимив 7 миксови (досега), почнав да курирам свои плејлисти на Spotify, го restart-нав Инстаграм профилот Pandamonium Radio која беше во мирување една година и имавме неколку онлајн радио емисии. Дополнително, на профилот на Sure Shotz заедно со Панчо направивме десетина емисии во живо насловени “Карантински муабети”.

Диџејската работа (треба да) е многу повеќе од само пуштање музика во клубови, па затоа го користиме времето да промовираме музика и култура додека луѓето се дома.

Ако мораш да бидеш заглавен во една година, во поглед на доминантната музичка сцена, која би ја избрал и зошто?

Според мене, периодот помеѓу 2011 и 2013 е најплодниот период во хип-хопот на сите времиња (или да не се налутат старите глави – после средината на 90-тите). Во тој период се постави основата на целата музика која ја одбележа претходната декада, и голем дел од сегашните living legends ги направија своите statement проекти токму тогаш – The Weeknd, Drake, Wiz Khalifa, Mac Miller, Kendrick Lamar, J. Cole, Chief Keef, ASAP Rocky, ASAP Ferg, Frank Ocean, Chance The Rapper, Joey Badass, Macklemore & Ryan Lewis, Meek Mill, Rick Ross и мнооогу други. 

Ако морам да изберам само една година, би ја избрал 2014. Така ги добивам трите најдобри години акумулирани + 2014 на loop 😃

Мислам дека тоа беше годината кога целосно се сврте работата на светски рамки, но и ние во Македонија почнавме да влагаме во тек со светот. Првата TRAP DA FUCK UP журка се случи пред точно 6 години во Капан ан. Кога сме кај тоа, вреди да се напомене дека тој период EDM трапот беше нереално квалитетен и иновативен, и според мене многу придонесе во глобалната популаризција на трап звукот. 

Кој настап засекогаш ќе ти остане во сеќавање?

Убедливо најомилен настап ми е првиот настап на EXIT Festival, во 2018 година. Тоа беше исполнување на голем сон и момент кој и до ден денес премногу ми значи.

Настапив во prime time во сабота навечер, стејџот беше преполн и енергијата беше луда. Дополнително, таа година на EXIT бевме отидени заедно со голема и многу драга фестивалска екипа, а и во публика имаше многу луѓе од Македонија но и пријатели од Балканот кои дојдоа да ме слушаат.

Уууух, спомени! Огромна благодарност до Cake Beats од Нови Сад за поканата и гостопримството!

Која е таа една трака што ја пушташ што секогаш ја дига публиката на нозе? 

Хм, се трудам да сум прогресивен со музиката која ја пуштам па нема некоја песна која постојано ја вртам, најчесто после неколку години целиот сет е различен. Пред да почне карантинов, една од песните која беше одлично прифатена од публиката беше Highest in the Room од Travis Scott. Искрено се надевам дека кога ќе се вратиме по клубовите на публиката ќе и се допадне мојот целосно освежен хип-хоп и трап сет, но и дел од новите правци кои ќе ги промовирам!

Музиката е неговата биографија така што ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за Irie Scratch следи го на Mixcloud и обавезно на Инстаграм. Тенкс Ајри за одвоеното време, се надевам се гледаме на некоја журка во скоро време. 😉

Тенкс и до тебе што остана до крајот на интервјуто. Нарачај си Скопје маичка од Dreadpen и биди дел од Skopje Crew!

spinning records, blending styles,
bending genres, drinking tons,
setting trends, having fun.

This is Darko Andonov’s bio, a.k.a. Irie Scratch. This past weekend we had a great talk on Instagram that turned into a really cool interview. Here’s what he says. 👇

darko andonov irie scratch

Darko Andonov

Also known as Irie Scratch

WHEN AND HOW DID YOUR CAREER AS A DJ BEGIN?

I started playing music 11 years ago, the summer of 2009. It was around this period, end of June or beginning of July when I organized my first ever party. It was at cafe Boni together with my best friends and Miki Mikson.

I’ve always been the type of guy that listens to music 24/7 and burns his friends’ CDs so the transition into playing music came almost natural. I managed to save up some money and bought the most basic DJ controller (Behringer BCD 2000, check it out and see how basic it is!). Only a few days later we organized a party that would exceed all our expectations. When we got back from holidays we did a few more.

There were a lot of different opportunities and we organized even more parties. But the key moment for my career was when Cuci and Pancho took me under their wing as the new member of Sure Shotz. They immediately set me on the right path, made me invest in а record player, and that was when it became my full-time profession.

How has quarantine affected your work?

Ugh! Even before the quarantine, I felt how serious things were getting. We had to cancel Trapslavia 3 in MKC, which we planned months in advance, just 2 days before it was supposed to take place.

After I made peace with the whole situation, I decided to fully dedicate the time spent at home on myself. And it felt good. I finally had some good rest, I started exercising on the regular, and I started eating somewhat healthier. After some time, my creative energy came back to me. Looking at quarantine retrospectively, it was also very fruitful for my work.

I organized all the music on my laptop, I recorded 7 mix tapes so far, and I started curating my own playlists on Spotify. Additionally, I ‘restarted’ Pandamonium Radio’s Instagram profile which was not active for a year, and we had a few online radio talk shows. Furthermore, me and Pancho made a dozen live talk shows on Sure Shotz’s Instagram profile, titled “Quarantine talk”.

DJing should and is much more than just playing music at the club so we used up the time to promote music and culture while people were at home.

IF YOU HAVE TO BE STUCK IN ONE YEAR, IN TERMS OF THE DOMINANT MUSIC SCENE, WHICH ONE WOULD YOU CHOOSE AND WHY?

If you ask me, the period between 2011 and 2013 was the most fruit-bearing for the hip hop scene, ever (or not to get the oldies mad at me – after the mid-90s). In that period, the foundation for the whole music scene that marked the decade before was set. Moreover, a great part of today’s living legends made their statement projects during this time. These include The Weeknd, Drake, Wiz Khalifa, Mac Miller, Kendrick Lamar, J. Cole, Chief Keef, ASAP Rocky, ASAP Ferg, Frank Ocean, Chance The Rapper, Joey Badass, Macklemore & Ryan Lewis, Meek Mill, Rick Ross, and many others.

If I have to choose just one year, I’d choose 2014. That way I get the three best years accumulated + 2014 on a loop 😃

I think that was the year when it all got turned around on a global scale. It was also the year when Macedonia finally started to follow worldwide trends. The first TRAP DA FUCK UP party happened exactly 6 years ago at Kapan an. When talking about this, it’s worth mentioning that EDM trap was insanely innovative and of high quality at that time. It contributed to the popularization of the trap sound.

what PERFORMANCE WILL YOU ALWAYS REMEMBER?

Undoubtedly, my favorite performance is my first appearance at EXIT Festival in 2018. That was a big dream come true and a moment that means so much to me.

I was on at a prime time, Saturday night, the stage was full and the energy was crazy. That year, I went to EXIT along with a big festival crew that’s very dear to me. There were a lot of Macedonians in the crowd, as well as some of my Balkan friends that came to listen to my music. 

Ughhh, memories! Big thank you to Cake Beats from Novi Sad for the invite and their hospitality! 

What’s the one SONG you play that always gets everyone on their feet?

Hm, I try to be progressive with my music so there isn’t a song that I have constantly on repeat. Usually, my whole set is different after just a few years. Before quarantine, one of the songs that the crowd loved was Highest in the Room by Travis Scott. I really hope that when we’re back at the club the crowd will like my fully refreshed hip hop and trap set, as well as some of the new genres that I’ll be promoting!

Music is his biography. So if you want to know something more about Irie Scratch follow him on Mixcloud and definitely on Instagram. Thanks for your time, Irie! I hope to see you at a party soon. 😉

And thank you for sticking to the end of the interview. Order yourself Skopje t-shirt from Dreadpen and become a part of Skopje Crew!

Check out our the bestselling s#!t

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *