Дина Јашари е млада пејачка со нежен но моќен вокал. Тешко кој може да остане рамнодушен на нејзината авторска музика.

Иако е млада, Дина е многу талентирана и инспиративна личност со која имавме прилика да си помуабетиме. Еве на кратко што си позборувавме.

Дина Јашари

@dinqee

Кажи ни нешто за себе. Која е Дина Јашари?

Дина Јашари сум јас, многу сакам да галам мачки и да слушам боса нова.

Што или кој е твојата инспирација за музика?

Мама и тато. И за слушање и за правење музика.

Опиши ни ја со твои зборови музиката што најчесто ја креираш.

Искрена.

Сама ги пишуваш своите песни. Како изгледа твојот креативен процес?

Почнувам со текст, мелодија и еден инструмент. Ако ми се допаѓа како звучи така акустично, почнувам со снимање и продуцирање.

Пееш под туш? Што најчесто?

Во последно време Sufjan Stevens, Alt J, Hayley Williams.

Која твоја песна ти е омилена за изведба и зошто?

Не можам да издвојам една песна, ви препорачувам да го погледнете “Dina Jashari – Live and Cozy @ MKC” на YouTube. Со бенд ми е најубаво на сцена, ќе видите зошто 🙂

Со кој најмногу би сакала да соработуваш на музички проект?

Бои и Зборови ги направивме заедно со Драги Иванов. Мислам дека сме супер тим и тоа не би го сменила. 

Кој е најдобриот совет што си го добила?

Не заборавај зошто го правиш тоа што го правиш.

Што е следно за тебе?

Нова музика и настапииии

Повеќе за Дина можеш да дознаеш на нејзиниот Инстаграм профил а песните можеш да ги слушнеш на Јутуб каналот 🙂 Тенкс Дина што одвои време да одговориш на нашите прашања. И тенкс до тебе што остана до крај. 😉

Нарачај си кул бандана од Dreadpen и stay safe, yo!

Dina Jashari is a young singer with a gentle yet powerful voice. It’s hard not to feel anything when listening to her music.

Even though she’s young, Dina is a very talented and inspiring person. Here’s what we talked about.

Dina Jashari

@dinqee

TELL US A BIT ABOUT YOURSELF. WHO IS DINA JASHARI

I’m Dina Jashari. I love to pet cats and listen to bossa nova.

WHAT OR WHO INSPIRES YOU TO DO MUSIC?

My mom and dad. Both for creating and listening to music.

DESCRIBE YOUR MUSIC TO US.

Sincere.

YOU WRITE YOUR OWN SONGS. HOW DOES YOUR CREATIVE PROCESS LOOK LIKE?

I start with text, melody and one instrument. If I like how it sounds acoustically, I start recording and producing.

DO YOU SING WHILE IN THE SHOWER? WHAT DO YOU SING MOSTLY?

Lately, I’ve been singing Sufjan Stevens, Alt J, and Hayley Williams.

which of your songs is your favorite to perform and why?

I can’t choose just one song. I recommend you listen to “Dina Jashari – Live and Cozy @ MKC” on YouTube. I love performing with a band, you’ll see why 🙂

WHO DO YOU WANT TO COLLABORATE WITH? 

We made “Boi” and “Zborovi” together with Dragi Ivanov. I think we’re a great team and I wouldn’t change that.

WHAT’S THE BEST ADVICE YOU’VE GOTTEN?

Don’t forget why you do what you do.

WHAT’S NEXT FOR YOU?

New music and concerts!

You can find out more about Dina on her Instagram profile while you can listen to her songs on her YouTube channel 🙂 Thanks Dina for taking the time to answer our questions. And thank you for staying until the end! 😉

Order yourself a cool Dreadpen bandana and stay safe, yo!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

open

Yo! All orders from 28.04.21 – 02.05.21 will be shipped on Wednesday (05.05.21) . Thanks for understanding.