Душан Стефановски – дипломиран графичар на Факултетот за ликовни уметности.

Млад, талентиран сликар Имавме прилика да си помуабетиме. Еве на кратко што си позборувавме.

Душан Стефановски

@dushan_stefanovski

Кажи ни нешто за себе.

Од секогаш сум знаел по кој пат ќе одам во животов, а тоа секако е тешкиот пат на уметник во Македонија.

На 13 години се заљубив во графити, доста години бев активен цртач во нашиов град, но потоа со годините ми се смениа приоритетите и интересите. Поради тоа и во уметноста која ја создавам денес користам алати за графити цртачи и градежни работници наместо типичното четка и боја од туба и сеуште активно истражувам нови начини со кој можам да експериментирам и да се изразам.

Имаш дипломирано на ФЛУ, отсек графика. Што за тебе претставува графиката како уметност?

Пред се дисциплина. Графиката е еднакво занает колку што е и ликовност, освен тоа сеуште сум на моменти обседнат со форматот квадрат во квадрат коj е типичен за една графика.

Што или кој ти е инспирација?

Сметам дека главни алати за инспирација ми се интуицијата и можностите кој ми ги дава самата техниката која сум одбрал да ја работам тој ден.

А во контекст на влијанија, омилени уметници ми се Пијер Сулаж, Ханс Хартунг, Ото Пијен и Хеинз Мак од постарите.
И од по современи уметници најмногу ми имаат оставено впечаток шведскиот современ сликар Давид Вон Бахр и францускиот концептуален сликар Џонатхан Бинет.

Црно-бело или во боја?

Првично кога почнав по сериозно да навлагам во светот на абстрактна уметност, голема улога имаше колоритот во моите дела, и сметам дека доволно го истражив колоритот. На друга страна секогаш сум сметал дека поголем предизвик создава монохромното како и поголем импакт, токму поради тоа оваа измината година ги истражувам границите на мојата способност исклучиво со црно и бело.

Дали слушаш музика додека ги креираш твоите дела?

Да, всушност жанрите кој ги слушам дур сум во процес на создавање имаат до некаде влијание врз крајниот резултат.

Дур работам обожавам да слушам не хумано дисторзирани гитари кој најчесто ги има во гараж рок жанрата, или пак крајно примитивни песни кој припаѓаат во блузот и американскиот фолк од 1950, 60.

Како изгледа твојот креативен процес?

Мојот процес почнува со едноставната потреба да уништам еден празен простор и да видам што ќе испадне.
Се одградувам од било какви конкретни пораки бијеќи сметам дека одземаат фокоус од моментумот на изразот кој се трудам да е чист и искрен.

А насловите им ги давам на самиот крај пред да ги објавам, само бирам едно име од една мала тетратка во која си запишувам секакви загафочени наслови кој ќе ги смислам или пронајдам некаде.

Сред пандемија ја имаше твојата прва самостојна изложба насловена “Потиснат потенцијал”. Кажи ни нешто за темата и твоето искуство со изложбата.

Нормално изложбата беше според сите ковид протоколи, и искрено очекував малку народ да се појави токму поради ситуацијата со вирусот, но бев пријатно изненаден кога видов дека имаше огромна редица пред портите на галеријата, каде што за жал мораше трпеливо или нетрпелвио да се чека за влез, двајца по двајца. Но секако беше одлично искуство и многу ми е драго што се покажа поголем интерес отколку што очекував.

Околу темата, како што напоменав погоре не сум многу заинтересиран во конкретни теми, само сакав адекватно со свежа диполома да се представам пред нашата публика.

Гледам од неодамна почна и да ги продаваш твоите дела на Инстаграм. Како ти оди со ова, дали има голем интерес?

Да, има доволно интерес и неможам да се жалам бидејќи го работам она кое искрено го сакам и за коа само ми расте пасија.

Што ново можеме да очекуваме од тебе во иднина?

После скоро година експериментирање во монохромен медиум конечно се ближи крајот и на ова ликовно истражување.

Се надевам дека во блиска иднина ќе имам прилика да представам пред љубителите на уметноста, што имам сработено јас во изминатиов перод.

Повеќе за Душан можеш да дознаеш на неговиот Инстаграм профил а Благодарам Душан што одвои време да одговориш на нашите прашања. И тенкс до тебе што остана до крај. 😉

Нарачај си кул бандана од Dreadpen и stay safe, yo!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *